Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога

Детски психијатар (46) од Осиек е уапсен и обвинет за серија тешки кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на малолетни пациенти и овозможување употреба на дрога. По завршувањето на кривичната истрага, полицијата го спроведе во притвор.
Полицијата се сомнева дека психијатарот ја злоупотребил својата положба во здравствена установа во Осиек во периодот од 2016 до 2019 година.
Според наводите, тој им зборувал недолично на четворица негови тогаш малолетни пациенти, ги допирал непристојно по телото и им давал да консумираат дрога.
Истрагата, исто така, утврдила дека од 2018 до 2023 година, тој им давал дрога и на возрасни познаници (две жени и двајца мажи, сите сега 35-годишни).
Врз основа на налог од Окружниот суд, полицијата извршила претрес во домот, канцеларијата и возилата на осомничениот. При тоа, пронајдено и запленето е значително количество разни дроги:
33 кесички марихуана (со тежина од 213,9 грама)
12 таблети MDMA
Хашиш
Амфетамин, и други пакувања MDMA.
Здравствениот работник е уапсен за следните кривични дела: „Повреда на правата на дете“, „Непристојни дејствија“, „Овозможување на консумирање дрога“ и „Неовластено производство и трговија со дрога“.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
