Македонија
10. January 2023 - 16:33

Десетина кучиња убиени со огнено оружје во Струга

Масакр во Струга. Десетици кучиња денеска се убиени со огнено оружје – објави организацијата за заштита на правата на животните Анима Мунди, заедно со видео-снимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.

Тие јавно апелираат до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.

„(Никој нема за право да одзиеме нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето!“) – пишува Анима Мунди на својот фејзбук профил.

Струшкиот градоначалник Мерко пак најави  решавање на проблемот со уличните кучиња , преку активности за хуман третман односно контрола на популацијата преку стерилизација и кастрација по бројните реакции на граѓаните дека секојдневно чопори на кучиња се шетаат и напаѓаат по улиците.

Проблемот со кучињата скитници во Струга се провлекува години наназад а денешното масовно убиство на кучиња од кои некои биле маалски а некои домашни е пријавено во полиција од каде бил извршен и увид.