Десет години од поплавите во Стајковци, загинаа 22 лица, малата Елиф сѐ уште се води како исчезната
На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Најтешко беше погоден Скопскиот регион, особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци, Црешево и Арачиново.
За само 24 часа во Скопје наврнаа 93 литри дожд на квадратен метар, а во првите два часа беа регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Поплавите предизвикаа огромна материјална штета, а во Скопскиот регион животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва беше двегодишно дете.
Трагична остана и судбината на 16-месечната Елиф Фејзула, која исчезна во поплавите додека била во возило со својот татко, кој исто така го загубил животот.

Во скопските клиники биле примени 22 повредени лица, а повеќе од 1.000 граѓани биле евакуирани. Многу семејства останале без домови, а беа оштетени бројни објекти и инфраструктурата.
По невремето, граѓаните организираа помош за погодените семејства, а Владата прогласи кризна состојба во Скопскиот и Тетовскиот регион. 8 август беше прогласен за Ден на жалост.
Штетите се санираа со месеци, но 6 август 2016 година остана запаметен како еден од најтрагичните денови во поновата историја на Скопје.
Ново на Сител
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
