Депониите остануваат проблем за охридско – струшкиот регион
Никако да се реши проблемот со депониите во охридско-струшкиот регион. Депонијата „Буково“ во која се одлага комуналниот отпад најверојатно уште неколку години ќе ја загадува околината и тоа еден од најживописните предели покрај магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Ресен. Екологистите предупредуваат дека намерно се палат депониите за да се намали масата на сметот и бараат поголема заштита преку поставување на видео надзор.
Сериозен проблем се и мини депониите во двата крајезерски града поради недоволната еколошка свест од страна на граѓаните.
Решение за проблемот е регионална депонија, чија изградба се најавува години наназад, а истовремено е една од главните препораки во извештајот на УНЕСКО. Со последните планови, таа би требало да се гради кај битолското село Новаци, но и таму постапката за изградба е запрена, поради барањата на локалната власт пред да биде изградена депонијата да се изгради обиколница.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
