Македонија
25. May 2026 - 8:17

Денеска времето сончево и топло

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.

Според прогнозата на УХМР денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до дува умерен северен ветер. 

Ново на Сител