Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла

Денеска во Федерацијата Босна и Херцеговина и Црна Гора е Ден на жалост во чест на жртвите од пожарот во дом за стари лица во Тузла, јавуваат локалните медиуми.
Во пожарот, што избувна во текот на ноќта од вторник кон среда, на седмиот кат од зградата на домот, загинаа 11 лица, а повеќе од 40 се повредени.
Босна и Херцеговина, според Дејтонскиот мировен договор (1995), е поделена на две полуавтономни единици – Република Српска и Федерацијата БиХ, во која живеат бошњаци и хрвати. Двете имаат сопствени влади и парламенти, но функционираат и заеднички државни институции – судство, армија, безбедносни и даночни служби.
Владата на Федерацијата БиХ вчера одлучи денеска да биде прогласен Ден на жалост во оваа ентитетска единица.
Во рамките на одбележувањето, знамињата на јавните институции се спуштени на половина копје, а културните и забавните настани на јавни места се откажани.
Владата на државно ниво на БиХ не успеа да донесе заедничка одлука, бидејќи министрите од Република Српска не гласаа, објави босанскиот портал Кликс.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денара, а бензините поскапуваат за два денара за литар
-

ФИФА ќе го зголеми наградниот фонд за Мундијалот 2026
-

Јокиќ казнет со 50 илјади долари
-

Отстранети 95 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Променливо време со дожд, грмежи и заладување
-

Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
