Македонија
12. May 2024 - 16:43
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
Дел од туристите во Охрид пребирливи во своите барања, хотелиерите и угостителите треба да работат на подобрување и збогатување на понудата.
Израелците важат за најпребирливи, но и вљубеници во Охрид. Заинтересирани се за културно историските знаменитости, црквите, историјата и природните убавини, додека пак туристи од Полска покрај програмата бараат добра забава во градот.
Голем е бројот и на оние туристи кои сакаат приватни забави во водите на Охридското Езеро.
Доколку првомајските и велигденските празници се репер за тоа каква ќе биде сезоната Охрид може да очекува плодно лето,во главниот туристички центар според најавите ќе има гости од речиси сите краеви од светот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
