Дејан Митровски Урко: Докажавме дека сме најдобри во светот на кик боксот и фитнесот

Упатувам благодарност до Град Скопје и Сојузот на спортови на град Скопје за наградата - најдобар тренер во 2023г. Воедно се заблагодарувам и од името на Бобан Илиоски кој е прогласен за најдобар спортист сениор, а е кик бокс натпреварувач член на клубот КБК Шампион Скопје, Силвио Мировски - најдобар млад спортист, кик бокс натпреварувач член на КБК Гладијатор, Скопје и Мери Акиевска - најдобра спортистка сениорка, бодибилдинг и фитнес натпреварувачка член на Фитнес клубот Магнус, Скопје.

Сојузот на спортови на град Скопје и градот Скопје секогаш знаеле како да ја наградат работата и успехот на нас спортистите и тренерите од скопските клубови. Ние овие награди ги дозивуваме како потврда за насиот досегашен труд, посветеност и успех и истите претставуваат поттик за идна уште поголема работа и постигнуваме на поголеми резултати.

Нашите спортисти и јас како нивни тренер на светско ниво докажавме дека сме најдобри во светот на кик боксот и фитнесот, но овие награди се доказ дека сме најдобри од сите спортови и во насиот град.

Кик боксот во последниве години е најтрофеен, најмасовен и најуспешен спорт во нашата земја и е национален спорт број 1. Доказ за тоа е и фактот што од вкупно пет номинирани категории, трите први места ги земаа претставниците на кикбокс спортот - најуспешен тренер, спортист сениор и млад спортист. Особено сум горд на овој успех и наградите и ветувам уште идни медали и признанија, вели Митровски.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
