Македонија
18. September 2026 - 14:09

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син

Семеен инцидент бил пријавен синоќа во Крива Паланка, откако дедо физички го нападнал својот малолетен внук, а подоцна и самиот бил нападнат од својот син.

Како што информира МВР, на 17 септември во 21:01 часот, 32-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека околу 20:55 часот во семејната куќа, нејзиниот свекор го нападнал нејзиниот малолетен син.

Само дваесетина минути подоцна, во 21:20 часот, свекорот пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 38-годишен син.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.