Дебата за ребаланс на Буџетот - критики од опозицијата, пофалби од власта
Втор ден жестока дебата во парламентот на комисиската расправа за ребалансот на буџетот.
Опозицијата и понатаму обвинува дека овој ребаланс е доказ за тоа дека државата е на раб од банкрот, дека јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра и дека граѓаните секојдневно осиромашуваат. Обвинуваат и за криминали во Владата.
Власта пак, се брани - минималната и просечната плата се зголемиле повеќе од растот на цените. Криминалите ги правела претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ребалансот т планирано е да се потрошат рекордни 4,7 милијарди евра, од кои 900 милиони евра ќе се бараат со издавање еврообврзница и кредит од ММФ. Економијата се очекува да порасне 3,2%, а инфлацијата 7,2 отсто.
Комисиската расправа според Деловникот трае 10 дена, опозицијата има поднесено над 170 амандмани.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
