Македонија
7. November 2023 - 16:32

Датумот за избори се уште не договорен, измените на Изборниот законик скроени согласно ОБСЕ/ОДИХР

Без работна група, туку преку неформални средби во парламентот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ до крајот на наредната недела ќе се постигнува договор кога би се одржале и претседателски и парламентарните избори до година.

Извори од пратеничките групи на двете партии велат дека досега имало само инцијална средба на која дала потврда за измени на Изборниот зкаоник согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а потоа дополнително да се зборува за датумот за избори. Нови разговори, како што велат пратениците, треба да случат најдоцна за 10 дена.

Слични очекувања има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој се уште инсистира на заеднички избори на пролет.

Во меѓувреме, работната група за измени на Изборниот законик ги скрои промените согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Министерството за правда ќе го достави предлогот на пратеничките групи, а потоа и ќе го пушти и во собраниска процедура.

Се работи за група во која членуваат експерти, невладини организации, институции, но и претставници на политички партии. И македонската и албанската опозиција не се сдел од оваа работна група.

Иако во рамките на политичките разговори со овие измени на Изборниот зкаоник требаше да се воведе и една изборна едница, сепак поради различни мислења на владејачките СДСМ и ДУИ со овие измени нема да биде опфатена промена на изборниот модел.