ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Куманово, како и два во подрачјето на општина Центар, од кои едниот на булевар „Македонија“, а другиот на улицата „Тодор Александров“.
Претходно, МИА информираше дека пожарот во демиркаписко Прждево зафати три постари куќи, а спасена е една повозрасна жена.
МИА
Ново на Сител
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
