ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати

До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни пожари:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска вегетација и папрат;
Општина Чашка – над с. Нежилово, смреки;
Општина Градско – помеѓу с. Долно Чичево, со ширење кон с. Подлес, стрниште и ниска вегетација;
Општина Прилеп – с. Коњаре, ниска вегетација;
Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, борова шума;
Општина Кавадарци – градската депонија „Мелци“, депонија;
Општина Виница – позади салонот за мебел „Мебел Ви“, ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума, во Општина Кичево.
Изгаснати пожари:
Општина Сарај – с. Чајлане, ѓубре;
Општина Сарај – с. Арнакија, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Турчане, ѓубре;
Општина Гостивар – населба Фазанарија, ѓубре;
Општина Куманово – с. Пчиња, стрниште;
Општина Берово – с. Митрашинци, ниска вегетација;
Општина Струмица – с. Куклиш, депонија;
Општина Кичево – с. Зајас, стрниште;
Општина Кичево – с. Србјани, стрниште;
Општина Струга – с. Ложане, ниска вегетација;
Општина Делчево – с. Црквенец, борова шума;
Општина Пробиштип – с. Дренак, ниска вегетација;
Општина Гази Баба – с. Страчинци, ниска вегетација;
Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара, ѓубре.
МИА
Ново на Сител
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
-

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи
