ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор

Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Од вкупниот број регистрирани пожари, како што вели, 69 биле шумски пожари, додека 1.627 пожари биле регистрирани на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста деградирана шума и ѓубришта, односно депонии.
- Во наведениот период, Центарот за управување со кризи континуирано ја следеше состојбата со пожарите и вршеше координација со надлежните институции и расположливите ресурси, со цел навремено справување со пожарите, спречување на нивното ширење и заштита на населението и материјалните добра. Апелирам до граѓаните на максимална внимателност и одговорност и на доследно почитување на мерките за заштита од пожари. Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат отпушоци и запалив отпад во природата, а секое забележано чадење или пожар веднаш да се пријави на единствениот број за итни случаи 112, посочува директорот на ЦУК Али.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и топло, наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
