ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини

Во државава нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари кои биле активни на отворен простор во 10 општини, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, се интервенирало на гаснење на два пожара во општина Прилеп, со кои под репетиторот на „МТВ“ и Манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото викано Заград - Десовски пат.
Во село Бучим во општина Радовиш се била се запалиле тракторска приколка, бали слама и сушара за сушење на тутун, во општина Гостивар гореле ниска вегетација на ул. „Боге Вељаноски“ и дрва на ул. „Балиндолска“, отпад на ул. „Октомвриска револуција“ во општина Куманово.
Во Сарај со пожар биле зафатени стрниште во Горно Свиларе, мешана шума во Радуша, ѓубре кај наплатна рампа Глумово, во општина Долнени ниска ветегација во село Бело Поле, а во општина Валандово стрниште во село Брајковци.
Интервенции имало и во општина Велес, во местото Дурутовец (ниска вегетација, грмушки и деградирана шума) и на патен правец Скопје – Велес (ниска вегетација), како и во Тетово на ул. „Вонвардарска“ (ѓубре) во Гази Баба во село Јурумлери (ѓубре) и во општина Битола во село Оризари, каде горела ниска вегетација - информира ЦУК преку објава на својот Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени две лица од гостиварско поради организирање борби со кучиња
-

Кривична против тројца за поткуп при полагање стручен испит
-

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи
-

Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
