ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати

До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во Општини Велес кај с. С’лп, м.в. Горно Село со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица во Општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Потоа во Општини Јегуновце, Желино и Сарај: селата Копанце и Туденце (Општина Јегуновце), с. Церово (Општина Желино), со проширување кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума) и во Општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Кратово кај с. Железница (депонија) и во Општина Делчево на локалната депонија.
Изгаснати пожари (3): Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација), Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума) и во Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
МИА
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
