-->
-->
ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-->

Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што се опожарени ниска вегетација и стрништа.
Под контрола е пожарот во општина Ново Село, во регионот на село Мокриево, каде опожарена е ниска вегетација.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Гази Баба, Гостивар, Кочани, Теарце, Чешиново - Облешево и Шуто Оризари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
