Црвениот крст на град Скопје со мобилни тимови на терен поради најавените топлотни бранови

Црвениот крст на град Скопје започнува со теренски активности насочени кон заштита на граѓаните од последиците од најавените високи температури и топлотни бранови.
-Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје ќе патролираат низ градот, ќе укажуваат прва помош, по потреба ќе вршат транспорт на граѓани до здравствени установи, како и ќе дистрибуираат вода и информативни флаери со препораки за заштита од високите температури, соопштуваат од Црвениот крст на град Скопје.
Активностите ќе се реализираат денеска и утре (29 и 30 јуни), во периодот од 11:00 до 16:00 часот. На терен ќе бидат ангажирани 30 волонтери, организирани во 10 мобилни тима, со поддршка од шест возила.
Во рамки на акцијата, дневно е планирана дистрибуција на 1.000 шишиња, односно околу 500 литри вода, на граѓаните кои ќе имаат потреба.
Од Црвениот крст на град Скопје информираат дека со овие активности активно придонесуваат за заштита на здравјето на граѓаните, со акцент на превенцијата и навремената теренска поддршка што ја обезбедуваат обучените волонтери за време на топлотните бранови.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
