Црна Гора ѝ се враќа на „Евровизија“
РТЦГ (Радио телевизија на Црна Гора) соопшти дека оваа држава ѝ се враќа на „Евровизија“. Кој ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, ќе се одлучува преку натпревар што ќе го носи името „Монтесонг“.
Веста е објавена и на официјалната евровизиска веб-страница, каде се потсетува и дека Црна Гора последен пат учествуваше во 2022 година со Владана и нејзината песна „Breathe“.
Учеството во 2025, ќе биде 13. на Црна Гора, откако за првпат се појави во 2007 година во Хелсинки. Претходно, оваа држава се натпреваруваше како дел од Србија и Црна Гора во 2004 и 2005 година.
Од нејзиното учество во 2007 година, Црна Гора двапати заврши во евровизиско финале. Најдобриот резултат, оваа земја го постигна во 2015 година - 13. место со песната „Адио“ на Кнез.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
