Cloudflare „падна“, многу веб-страници, меѓу кои и македонски, не работат поради технички проблеми

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Cloudflare.
Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Cloudflare значат дека страницата не може да се отвори.
Cloudflare е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на безбедноста и перформансите на веб-страниците.
Преку својата широка глобална мрежа, таа овозможува брзо вчитување на содржините и ги штити корисниците и компаниите од различни онлајн закани. Накратко, Cloudflare делува како штит и акцелератор помеѓу корисникот и серверот на веб-страницата.
Компаниајат соопшти дека знае за проблемот и истражува проблем кој потенцијално влијае на повеќе клиенти“.
-Дополнителни детали ќе бидат обезбедени штом ќе бидат достапни повеќе информации, соопшти Cloudflare.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
