Четвртоодделенците во Аеродром и годинава добиваат таблети, првите 30 им ги врачија министерката и градоначалникот

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, денеска симболично поделија триесетина таблети на четвтоодделенци во ОУ „Љубен Лапе“, кои се дел од вкупно 850 таблети коишто ќе ги добијат сите четвртоодделенци на територија на Општина Аеродром.
Митески изјави дека Општина Аеродром оваа мерка ја спроведува петта година по ред и дека е една од низата мерки. Соопшти дека од утре ќе почне и делењето бесплатни училишни униформи за сите основци во Аеродром.
- Како општина веќе ги поддржуваме сите семејства коишто имаат првачиња со финансиска помош. Континуирано работиме и инвестираме во подобрување на условите на образованието и се трудиме сè што е наша обврска - да создадеме услови за сè подобро учење, односно подобро следење на наставата да го направиме. Соработката со Министерството за образование и наука е одлична и имаме навистина голема помош во спроведување на образовниот процес на територија на Општина Аеродром, рече Мистески.
Според министерката Јаневска, донирањето таблети од општината треба да продолжи и во иднина затоа што, рече, на децата им требаат дигитални уреди за да може да следат настава и да стекнуваат знаења.
- Им ги поделивме денеска таблетите и им посочивме дека треба да ги користат во правец на образование. На овој начин обезбедуваме и еднаквост меѓу учениците, затоа што образованието треба да биде достапно за сите. Му благодарам на градоначалникот и на Општината за оваа акција која помага за еднаквост меѓу учениците и модерно спроведување на наставата. Продолжуваме да работиме заеднички со општините во корист на образованието и генерално во корист на учениците, истакна Јаневска.
Митески изјави дека во половина од основните училиштата во Аеродром е воведена едносменска настава – комплетно во „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“. Како што рече, во седум од вкупно девет одделенија е воведена во ОУ „Димитар Македонски“, се прави доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ и очекува да биде завршена до крајот на ова полугодие и од второто полугодие и таму да биде воведена настава во една смена во седум од вкупно девет одделенија.
Министерката Јаневска во изјавата од ОУ „Љубен Лапе“ додаде дека има неколку општини во Скопје и во други градови каде што малку ќе се пролонгира овој процес, затоа што ќе треба дополнителни просторни услови.
- Во ова училиште и во овој двор нема можности за доградба, но ќе бараме решенија со оглед на тоа каде што ќе има повеќе деца, повеќе население, ќе бараме други начини да го решаваме овој проблем - можеби училишта ќе градиме, таму каде што има простор ќе доградуваме. Сѐ правиме за да го спроведеме она што ќе биде најдобро за децата, истакна Јаневска.
Како што рече, цела земја е „една голема градежна парцела“ затоа што многу училишни згради се реконструираат, адаптираат, доградуваат, како и спортски сали и спортски терени.
- Значи, сѐ што е во наша можност — правиме. Правиме некаква приоритетна листа по критериуми. Мене ми е жал што затекнавме таква состојба, веројатно и по нас и пред нас има слични ситуации. По приоритет ќе се трудиме да овозможиме најдобри можни услови, според можностите кои ги имаме, и за учениците, и за наставниците, посочи министерката.
Директорката на ОУ „Љубен Лапе“, Фоника Станоева, изјави дека оваа година запишале 130 ученици во пет паралелки.
- Поголеми предизвици немаме и се надевам дека така и ќе остане. Учениците на време ги добија учебниците, сега и четвртоодделенците ги добија своите таблети, просторните можности ни се солидни, рече Станоева.
МИА
Ново на Сител
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
-

Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во „Пулс“ од инспектор за противпожарна заштита
-

Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана
-

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем - потребен е заеднички и координиран одговор
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
-

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација
