Македонија
21. January 2024 - 16:37
Централната и локалната власт од Охрид во судир околу изградбата на катна гаража дали е објект од јавен интерес
Изградбата на катната гаража во Охрид ќе почека. Локалната сеуште нема добиено позитивно конзерваторско мислење иако е изработена документација за градба и физибилити студија, извршена е експропријација на земјиштето и има одлука за трајно користење на земјиштето но според министерката за култура Костадиновска-Стојчевска изградбата не е од јавен интерес.
Градоначалникот Пецаков вели дека дегутантно е да се тврди дека катната гаража не е од јавен интерес во град во кој суштинската потреба е решавање на проблемот со паркинг просторот.
Пецаков најави дека не е само катната гаража, насекаде има опструкции од централната власт, а единствена тема на која секогаш соработувале без проблеми биле препораките околу УНЕСКО.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
