„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар

На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар.
Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова.
-Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“-истакна Герасимовски пред почетокот на концертот.
Во текот на вечерта беа изведени безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од култните филмови „Валканиот танц“, „Кум“, „Пиратите од Карибите“ и други, кои публиката ги проследи со силни аплаузи и воодушевување.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнал дека оваа манифестација заслужено зазема важно место во културниот живот на Центар.
- Интересот и оваа година е одличен. Центарци уживаат во вакви настани и токму тоа ни е поттик да продолжиме да создаваме културни содржини за сите генерации. Музиката обединува, создава убави спомени и носи посебна енергија. Благодарен сум што сите заедно уживавме во уште една прекрасна летна вечер - рече Герасимовски.
Општина Центар продолжува да ја збогатува културната понуда со манифестации што го оживуваат јавниот простор и градското секојдневие.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
