Македонија
25. October 2023 - 12:17

Целиот југозападен регион од државата нема дом за стари лица

Охрид и Струга никако да добијат дом за стари лица.Иако години наназад се најавува  изградба па дури и се одредуваа локации од сето тоа сеуште ништо .Пензионерите бараат место каде што ќе може да бидат згрижени. Во Струга голем е бројот на стари лица кои живеат сами. Младите се повеќе ја напуштаат државата во потрага по  подобар живот , а постарите се оставени сами на себе, нема кој да им зготви и да им пазари.

Струшките пензионери, тврдат дека иако во минатото имало објекти кои се користеле за одмор и рекреација на пензионерите денес со нив стопанисувале приватни лица.

Дом за стари лица нема во целиот Југозападен регион пензионерите  бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери да преземат мерки за надминување на овој проблемот.