Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600

Полицијата на Непал денеска соопшти дека по поплавите што го погодија пограничниот регион на Непал и Кина пронајдени се 616 безживотни тела.
Повеќе од една третина од телата се пронајдени десетици километри од зоната на катастрофата во округот Читван, јужен Непал во близина на границата со Индија. Во Кина, бројот на жртви се зголеми од два на седум, додека бројот на исчезнати се намали од 558 на 554.
Вкупниот број на жртви во Непал и Кина сега изнесува 623. Според непалските и кинеските власти повеќе од 2.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати, а Непал пријави 1.924 исчезнати, од кои 517 се странски државјани. Според
непалските власти спасени се повеќе од 4.400 луѓе, од кои 149 странски државјани.Армијата на Непал ги интензивираше операциите за пребарување и спасување, но се соочува со големи предизвици, вклучувајќи густа кал и луѓе заробени во планинските тунели. Калта им го отежнува слетувањето и полетувањето на хеликоптерите во погодените области.
Министерот за надворешни работи на Непал Шисир Канал изјави дека Катманду нема потреба од помош во потрагата и спасувањето на преживеаните, туку потребна му е странска интервенција за спасување на луѓето заробени во тунелите, воспоставување на транспортни и комуникациски услуги, идентификување на загинатите, ДНК тестирање и складирање на телата на подолг период.
Веќе поднесовме барања за такви специјализирани услуги и техничка помош во области каде што немаме доволно експертиза и техничко знаење, наведе Канал.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
