Loading Video...
Свет
12. September 2023 - 16:30

Бројот на загинати во поплавите во Либија надмина три илјади

Бројот на загинати во поплавите во Либија надмина 3.000, додека уште илјадници се водат за исчезнати, соопшти министерот за здравство на либиската влада.

Градовите Дерна, Бенгази, Бајда и Ал Марџ се најпогодени од катастрофата што ја предивика бурата Даниел која од Грција и Турција се префли во Либија во неделата и донесе огромни количини дожд.

Спасувачките операции се отежнати во областите кои се целосно под вода. Либија не беше подготвена за ваков вид катастрофа, признаа либанските власти.