-->
-->
Брижит Бардо е три недели во болница, нејзината состојба е загрижувачка
-->

Француската глумица и активистка за права на животните Брижит Бардо е згрижена в болница пред три недели, поради сериозни здравствени проблеми, пренесуваат западните медиуми.
Таа се лекува во приватна болница во Тулон, на југот на Франција, недалеку од нејзиниот дом во Сен Тропе. Според наводите, таа била подложена на „операција поради сериозна болест“ и се очекува да биде пуштена за неколку дена.
Нејзината состојба, се вели, е загрижувачка.
Глумицата, родена 1934 година, според ИМДБ, глумела во 60 филмски и ТВ-проекти - до 1973., кога и се повлекла од глумата. Потоа му се посвети на јавнотото застапништво за правата на животните.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
