Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија

Британскиот премиер Енди Бернам ја разгледува можноста за отворање јавна истрага за активностите во Велика Британија на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин – изјави денеска министерката за жртви Алекс Дејвис-Џонс за Би-Би-Си.
Таа рече дека премиерот „ја разгледува“ можноста за таква истрага и дека се согласил да се сретне со жртвите на Епстин.
– Добив уверување дека премиерот многу сериозно пристапува кон ова прашање. Тој ќе се сретне со жртвите и ја разгледува можноста за понатамошни чекори, сега кога како премиер има пристап до сите релевантни информации – изјави Дејвис-Џонс.
Таа додаде дека за можноста за јавна истрага разговарала со Бернам и со секретарката на кабинетот, Дејм Антонија Ромео, по нејзиното повторно именување за министерка за жртви.
Дејвис-Џонс во мај поднесе оставка од владата на поранешниот премиер Сер Кир Стармер, обвинувајќи ја тогашната администрација дека не ги слушала преживеаните жртви на Епстин.
Таа истакна дека Бернам се согласил да работи на системски промени кои ќе ја подобрат поддршката за сите жртви.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
