Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб

Британската полиција соопшти дека синоќа во Јужен Јоркшир привела 28-годишен маж, осомничен за убиството на поранешната пратеничка и министерка за затворскиот систем, 78-годишната Ен Видикомб.
– Можеме да потврдиме дека 28-годишен маж е уапсен во областа Јужен Јоркшир под сомнение за убиството на Ен Видикомб. Осомничениот, кој е британски државјанин, моментално е во полициски притвор. Семејството на Ан Видекомб е информирано за овој развој на настаните, се наведува во соопштението на полицијата.
Видикомб на 9 јули беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во југозападна Англија. Истиот ден беше приведен 26-годишниот маж, но тој вчера беше ослободен.
Полицијата соопшти дека убиството не се третира како терористички напад и дека нема информации што укажуваат дека е политички мотивирано.
Видикомб беше членка на Долниот дом од 1987 до 2010 година и имаше разни функции, вклучително и министерка за затворски систем, во конзервативната влада на премиерот Џон Мејџор.
Видикомб се здоби со популарност откако го напушти парламентот и се појави во две ријалити емисии, подоцна се приклучи на Партијата Брегзит на Најџел Фараж, а потоа стана портпаролка на неговата новоформирана партија Реформа на Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
