Брисел и Лондон го осудија односот на израелските власти кон приведените активисти за хуманитарна помош за Газа

Европска Унија и Обединето Кралство го осудија однесувањето на израелските власти кон приведените активисти од флотилата со хуманитарна помош за Појасот Газа.
Според извештаите, израелски полицајци ги натерале активистите да клекнат на земја со рацете врзани зад грб, во присуство на крајнодесничарскиот министер за внатрешна безбедност, Итамар Бен-Гвир.
Објавувањето на видео-снимката од страна на Итамар Бен-Гвир предизвика критики и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој изјави дека иако Израел има право да ги спречува, како што рече, „провокативните флотили на поддржувачи на Хамас“, начинот на кој биле третирани активистите „не е во согласност со вредностите и нормите на Израел“.
Портпарол на Европска комисија го оцени третманот кон активистите како „целосно неприфатлив“.
„Однесувањето на израелскиот министер Итамар Бен-Гвир е недостојно за секој што извршува функција во демократска држава“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. Таа го опиша третманот кон активистите, меѓу кои имало и граѓани на Унијата, како „понижувачки и погрешен“.
Настанот го осуди и претедателот на Европскиот совет, Антони Кошта. „Потресен сум од однесувањето на израелскиот министер Бен-Гвир кон активистите од флотилата. Такво однесување е целосно неприфатливо. Повикуваме на нивно итно ослободување“, напиша Кошта на платформата „Икс“.
Сличен статус на својот „Икс“ профил објави и британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер.
„Навистина сум ужасната од случајот“, напиша таа, посочувајќи дека Владата на Обединетото Кралство е во контакт со семејствата на британските активисти и побарала објаснување од израелските власти.
МИА
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
