-->
-->
Брејк на Мајами во Бостон
-->

Мајами ја продолжува одличната серија во постсезоната. Откако влегоа во плејофот од осмото место, Џими Батлер и друштвото им го „зедоа скалпот“ на Милвоки и Њујорк, за да направат уште едно изненадување славејќи во Бостон во првиот меч од финалето на Истокот - 123:116 (28:30, 29:36, 45:25, 20:25).
Во меч полн со пресврти, во кој двете екипи имаа предност од повеќе од десет разлика, победникот беше решен на крајот од мечот. Бостон на крилата на Тејтум и Браун на пауза замина со девет поени предност (66:57), за тимот од Флорида да фати приклучок во третата четвртина, кога Батлер и неговите избраници ја освоија оваа делница со серија тројки за дури 20 поени.
Мајами поведе со 103:91 пред последната четвртина, но потоа следуваше нов налет на Селтикси. Брогдон и Вајт донесоа енергија од клупата, Браун погоди од полудистанца, потоа Тејтум полека го „скрши“ водството на ривалот од пенал и во последниот час, на две минути до крајот, Бостон дојде на минус-4 (110:114). .
Сепак, токму кога атмосферата во ТЦ Гарден беше на врвот и навивачите се надеваа на завршница слична на онаа против Филаделфија, тимот на Ерик Споелстра застана. Не можеа да погодат шут од поле, а слабата ефикасност во нападот се одрази и на нивната игра на другиот дел од теренот. Мајами набргу
повторно дојде до двоцифрена предност со двете врзани тројки на Мартин и Батлер (120:110), која без поголеми проблеми ја задржа до последниот судиски свиреж.
Како и обично, стрелците на Мајами ги предводеше Батлер со 35 поени, Адебајо додаде 20, а Мартин, Лаури, Винсент и Струс постигнаа по 15 поени. Од друга страна, и Бостон имаше доста расположени кошаркари, шестмина го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Тејтум со 30.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција
-

УХМР: Променливо време со дожд, грмежи и силен ветер во наредните денови
-

Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа
-

Започна „Генералка викенд“: Илјадници волонтери чистат низ цела Македонија
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
