-->
-->
Босна ја освои титулата во АБА 2
-->

Кошаркарите на Босна ја освоија шампионската титула во АБА 2 лигата, откако вечерва во решавачкиот, трет натпревар од финалната плејоф серија ја победија Илирија со 88:74 (13:10, 25:22, 25:25, 25:17) на домашен терен во Сараево.
Босна ја доби финалната серија со вкупен резултат од 2:1, а со освојувањето на титулата обезбеди пласман во АБА лигата, во која ќе игра следната сезона.
За најкорисен играч (МВП) на финалето беше избран кошаркарот на Босна, Џерод Вест.
Во својата историја, Босна три пати беше шампион на поранешна Југославија, а во 1979 година беше и европски шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
