Борозан нов ракометар на ГРК Охрид

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот сајт.
Трисетиедногодишниот Борозан доаѓа во охридскиот суперлигаш од редовите на РК Вардар 1961, а во својата кариера настапуваше за бројни клубови, вклучувајќи ги Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург.
„Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи, групата „Рибари“ да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, додаде Борозан.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
