Борозан нов ракометар на ГРК Охрид

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот сајт.
Трисетиедногодишниот Борозан доаѓа во охридскиот суперлигаш од редовите на РК Вардар 1961, а во својата кариера настапуваше за бројни клубови, вклучувајќи ги Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург.
„Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи, групата „Рибари“ да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, додаде Борозан.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
