Македонија
23. February 2023 - 12:22

Бочварски: Изградбата на автопатот Охрид – Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок

Никако да се види крајот на изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Иако градежните активности се далеку од финиш министерот за транспорт и врски Бочварски уверува дека рокот до 2024 ќе биде испочитуван а на терен има околу 900 градежни работници.

Министерот Бочварски најави дека моментално се работи ан рехабилитација на патот Подмоље-Струга-Ќафасан до граничниот премин со Албанија а во тендерска постапка е и дел од патот Охрид-Свети Наум.

Вкупниот износ на капиталните инвестиции со Буџетот за 2023 година е 800 милиони евра а вредноста на изградбата на автопатот е 598 милиони евра.