Блинкен и Лавров доаѓаат во Скопје, неизвесна е средба
Македонија дозволи влез на рускиот шеф на дипломатијата на состанокот на ОБСЕ на 29, 30 ноември и 1 декември.. Лавров и делегацијата веќе поднеле барања за доаѓање, но дали ќе биде присутен на сите три дена од состанокот се уште нема потврда. Сигурно е доаѓањето американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот, но и на неформалната вечера. Дали за првпат по руската агресија на Украина на иста маса ќе седнат Блинкен, Лавров и Кулеба засега е неизвесно.
Дека Македонија дозволила слетување на авионот на Лавров објави и руската новинска агенција ТАСС. Пренесуваат дека заменикот на Лавров, Грушко потврдил дека Москва се подготвува за состанокот и инсистирал на тоа дека министерскиот состанок би можел да биде успешен само доколку се постигне еднаквост на сите делегации.
Состанокот на министри во Скопје е клучен за организацијата бидејќи ќе се носат важни одлуки за враќање на довербата и изборот на нов претседавач, откако Русија и Белорусија ставиле вето на одлуката Естонија да биде новиот претседавач.
Од МВР не откриваат колкав број на полицајци ќе го обезбедуваат настанот, но Спасовски уверува дека со вклученост на сите единици на полицијата безбедноста е гарантирана.
Иако Османи побара градочалниците и конзулатите во земјава да ги отстапат возилата за да се намалеле трошењата за возниот парк, досега само струшкиот градоначалник Мерко го отстапил луксузното службено возило и уште двајца конзули во земјава. На паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски, веќе се паркирани дел од возилата кои треба да ги возат делегациите.
За време на министерскиот состанок во скопје треба да пристигнат околу 70 делегации и повеќе од 1000 делегати.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
