Биното по оставката: Оставам силно Ферари, подготвено да ги постигне највисоките цели
Матија Биното го коментираше заминувањето од Ферари. Биното ќе престане да ја извршува функцијата шеф на Скудерија на 31 декември.
Покрај тоа, Матија повеќе нема да работи за Ферари.
– За жал донесов одлука да го прекинам партнерството со Ферари. Ја напуштам компанијата што ја сакам, чиј дел сум 28 години, со спокојство дека направив се што е можно за да ги постигнам моите цели. Заминувам од тесно поврзан и растечки тим. Силен тим кој сигурен сум дека е подготвен да ги постигне највисоките цели и им посакувам се најдобро. Би сакал да им се заблагодарам на сите членови на тимот кои го споделија овој пат со мене – тежок, но кој донесе големо задоволство, изјави Биното.
Името на наследникот на Биното ќе биде објавено подоцна. Како што навести италијанскиот печат, Фредерик Васер од Алфа Ромео ќе стане нов шеф на Скудерија. Биното е на чело на Ферари од 2019 година. Под негово водство, тимот двапати го освои второто место во Формула 1.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
