Безживотно тело доцна синоќа извлечено од реката Вардар

Телото на 76-годишен жител на Неготино, кој претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, синоќа е пронајдено и извлечено од реката.
Според информациите објавени од „Прес24“, повикувајќи се на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по пријавата за исчезнато лице веднаш биле ангажирани службите за спасување.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека на терен интервенирале седум пожарникари од Територијалната противпожарна единица Неготино, како и полициска екипа од Полициската станица Неготино.
„Во 20:20 часот, во близина на сепарацијата кај Црвени Брегови, во реката Вардар беше пронајдено тело, кое е предадено за обдукција“, соопштија од ЦУК.
Надлежните институции ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагичниот настан
Ново на Сител
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
