Македонија
22. April 2026 - 18:38

Без вода утре делови од Центар и Чаир

Корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар утре ќе немаат вода поради  уличен дефект на водоводна цевка на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 27 (зад гимназијата „Јосип Броз Тито“).

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато утре од 8:30 часот до санирање на дефектот.

Од 8.30 часот утре без вода ќе бидат и корисниците од ул. „ Македонско-косовска бригада“, касарната „Илинден“, Трговскиот центар „Поинт“, „Вива фреш“, ресторан „Аванти“ и другите индустриски објекти во близина поради поставување водоводен приклучок на улицата „Босна и Херцеговина“ бр. 1-55 во Чаир.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.

 

МИА