Без субвенции од општината јавните претпријатија не можат да функционираат
Без субвенции од општината дел од охридските јавни претпријатија не можат да функционираат .Според координаторката на советничката група на СДСМ, субенциите им помогнале на ЈП Нискоградба и Водовод да го завршат кварталот со позитивен резултат. Но претпријатијата Билјанини извори, Охридски комуналец и Градски Пазар и покрај помошта од општината покажале загуба.
Со одлука со која Општина Охрид на Градски пазар му го пренесува правото и обрската да стопанисува, да ги одржува и да врши наплата на надоместокот од закупнина за издадените локации за урбана опрема покриени и непокриени шанкови ќе се подобри состојбата на ова јавно претпријатие.
Извештаите од работењето на јавните претпријатија за првиот квартал од годината не претставуваат целосна и вистинска слика за тоа каква е состојбата, но претставуваат појдовна основа која ја прикажува насоката во која ќе се движи годинава едно јавно претпријатие.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
