Без компромис стартува собраниската процедура за една изборна единица
Стартува собраниската процедура за една изборна едница по една година откако овие измени во изборниот модел ги поднесоа помалите политички партии. Сепак, консензус за ова прашање меѓу партиите нема. Она за што се договориле партиите е јавна дискусија со партии и екпсерти од чии мислења ќе треба да се договорат конечните измени во Изборниот законик.
И понатаму против една изборна едница отоворено застранува ДУИ. За интегративците постојниот модел од 6 изборни единици е добар, но ќе прифатат дебата.
Од владејачката СДСМ велат дека сепак овие измени се само во прва фаза, иако за нив се прифатливи.
„Даваме поддршка на една изборна единица. Секако за модалитетите (праг, правична застапеност на етничките заедници итн) треба да се разговара и за тоа најдобро е да се отвори поширока дебата за сите аспекти, односно Собранието да организира јавна расправа на која ќе бидат поканети и експерти“, коментира кородинаторот Митрески.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред Нова година постигна согласност со помалите партии за изборна едница, но сепак, велат дека потребен ќе е изборен праг што ќе се утврдува преку јавната дискусија.
Предлагачите пак, велат и без ДУИ, измените се возможни.
Алијанса на Албанците на Села пак, инсистираат на дури 8 изборни едници.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
