Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Двајца од тројцата судии му донесоа предност на Канаѓанецот (115-113, 116-112), додека третиот судија ја прогласи борбата без победник (114-114).
И двајцата боксери беа непоразени пред борбата во Ријад, во сопственост на 33-годишниот Бивол беше појасот на ВБА верзијата, а Бетербиев (39) беше актуелен првак на ВБЦ, ВБО и ИБФ.
„Не ми се допаѓа како боксував, малку ми беше непријатно во рингот, бидејќи обично не го чекам ѕвончето. Но сепак победив и настапот ќе се заборави“, изјави Бетербиев.
Борбата во главниот град на Саудиска Арабија во „Кингдом Арена“, првично требаше да се одржи во јуни, но Бетербиев го повреди коленото и пресметката беше презакажана за октомври.
Последниот неприкосновен шампион во полутешка категорија беше Американецот Рој Џонс Јуниор, кој го победи Реџи Џонсон и ги обедини појасите на ВБА, ВБЦ и ИБФ уште во 1999 година.
Ново на Сител
-

„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“
-

Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини
-

Од четврток дожд и опаѓање на температурите
-

Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната, вели официјален претставник
-

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан во официјална посета на земјава
-

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме”, родителите жестоко реагираа на барањето за домашен притвор на сопственикот на „Пулс“
-

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор - обврските се заеднички
