Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел

Новиот британски премиер, лидерот на лабуристите Ендру Бернам денеска изјави дека британските политичари мора да бидат подобри, а на Велика Британија и треба нов политички и економски модел.
– Знам дека луѓето кај нас се презаситени од политиката. Ве слушам и сакам да бидам искрен, не бевме доволно добри и треба да бидеме подобри … Британија во 80-тите години направи неколку погрешни свртувања. Политичката моќ беше централизирана, економската моќ приватизирана, големи делови од земјата индустријализирани и сè уште не заздравиле. Многумина чувствуваат како и понатаму да се во пад и немаат моќ да ги свртат работите. И затоа ќе ја промениме политиката, ќе ја направиме поколаборативна, повеќе насочена кон решавање проблеми отколку за освојување поени, наведе Бернам во првиот премиерски говор.
Тој најави намалување на моќта на владата во Лондон и делигирање на ингеренциите на локалните власти.
Бернам, исто така најави и дека неговата влада ќе изгради нова економија со посилна јавна контрола врз основните животни потреби.
– Во текот на годината ќе презентирам нов план за Британија, 10-годишен план што ќе го постави патот од каде што сме сега до каде што верувам дека сите сакаме да биде Британија, од каде и да доаѓаме и која било партија да ја поддржуваме, нагласи Бернам.
Тој истакна и оти од утре ќе ги презентира првите мерки за намалување на животните трошоци.
– Да изградиме ново национално чувство на единство, заедничка цел и позитивност. Нека ова биде моментот кога Британија повторно ќе почне да верува, моментот кога ќе ја вратиме надежта, посочи новиот премиер на Велика Британија.
Барнам наведе дека телефонски ќе разговара со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
– Нема да дозволам претседателот Зеленски да се сомнева, поддршката на Велика Британија е непоколеблива, решителна. Таа ќе биде тука за него, а јас ќе бидам тука за него лично, истакна Барнам.
Тој во придружба на неговата сопруга од холандско потекло Мари-Франс ван Хил, пристигна во Бакингемска палата напладне, а потоа се упати кон седиштето на владата на Даунинг стрит број 10.
Тој е четврти британски премиер од септември 2022 година кога Чарлс III го презеде тронот.
Бернам беше именуван за нов лидер на Лабуристичката партија на вонреден конгрес во петок. Поранешниот градоначалник на Манчестер е шести премиер што ја презема британската влада од 2016 година. Тој доаѓа на местото на Кир Стармер, кој денеска официјално ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс III.
Стармер во проштален говор пред Даунинг стрит 10, истакна оти „неговата работа е завршена“ и оти заминува од позицијата „со насмевка“.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за дата-центрите: Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен, ја водиме Македонија во просперитет
-

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје - инвестиција од 92,7 милиони денари
-

МВР со детали за тепачката: 13-годишник избодел тројца, меѓу нив и детето кое се бори за живот
-

По триесет години „Кифи Ди“ прогласен за виновен за убиството на Тупак Шакур
-

Приведен 34 годишник од Инџиково, при претрес пронајдени се дрога и дигитална вага
-

13-годишното дете избодено со нож и претепано со палки – лекарите се борат за неговиот живот
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
