Белград го одбележува Спасовден: Литија вечерва со Појасот на Пресвета Богородица од црквата „Вознесение Господово“ до храмот „Свети Сава“

По повод Спасовден што е слава на Белград, во главниот град на Србија од синоќа од Света Гора од манастирот Ватопед пристигна една од најголемите реликвии – Појасот на Пресвета Богородица. Појасот е стар 2.000 години и е како што се верува, единствена драгоценост сочувана од Богородичниот земски живот. Според предание, таа сама го исплела од камилски влакна и се смета за симбол на плодноста, исцелението и духовната заштита. Богородица го носела појасот за време на нејзиниот живот. Пред нејзиното Успение таа му го предала на апостол Тома.
Традиционална литија низ центарот на Белград од 19 часот ќе ја предводи српскиот патријарх Порфирије.
Појасот на Пресвета Богородица потоа ќе биде поставен во храмот Св. Сава во Белград за поклонение на верниците до 29 мај.
Според СПЦ, доаѓањето на Појасот е „голем благослов“ за верниците бидејќи Појасот на Пресвета Богородица многу ретко се изнесува од манастирот Ватопед.
Последен пат е изнесен во 2011 година кога бил во Русија.
Овогодинешната одлука чесниот крст на литијата да го носи ученик од Математичката гимназија има посебна симболика – младоста, знаењето и се што е вредно се на прво место, велат од СПЦ.
„Нека Пресвета Богородица нè потсети уште еднаш дека не сме сами. Дека Таа е со нас и дека Нејзиниот Син, Нејзиниот Бог и наш Бог, е со нас и дека токму кога сме напуштени од сите, Таа ни дава поддршка. Доволно е само да кажеме едно одвнатре, Пресвета Богородице, помилуј нè, спаси нè, помогни ни, и дека Таа веќе ќе биде со нас. И не само тоа ќе биде, туку и дека ќе знаеме дека тогаш сè е можно за нас, потенцира денеска српскиот патријарх Порфирије во празничната беседа во Црквата на Вознесение Господово во Белград каде е поставен од утрото Појасот.
Појасот бил дониран на манастирот Ватопед од страна на кнез Лазар во 1386 година, а другиот дел од страна на византискиот император Јован Кантакузен, што му дава посебно значење на овој манастир како сеправославен центар.
Според игуменот Ефрем, кој даде денеска интервју за СПЦ и го пренесоа српските медиуми, Појасот е голем благослов бидејќи, како што рече тој, Појасот прави многу чуда каде и да биде однесен.
„А, чудото што тој постојано го прави е лентата што ја имаме и ќе ја имаме и таму, која е осветена на Светиот појас, а со неа особено им се помага на жени кои имаат потешкотии да родат, бездетните парови и добиваат деца… Исто и за болни од рак кои оздравуваат “, рече игуменот на манастирот Ватопед, Ефрем.
МИА
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
