-->
-->
Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година
-->
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи следната година во Базел - град во Швајцарија што е блиску до границата со Германија и Франција, одлучија во петокот организаторите - Швајцарската радиодифузна корпорација (СРГ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Градот ја победи Женева како домаќин на популарниот музички натпревар, а се пријави со мотото „Надминување на границите“.
Германскиот пограничен регион, исто така, планира да има корист од популарниот натпревар во пеење - и градоначалникот на градот Лорах, што се наоѓа на помалку од 10 километри од Базел, ревносно се залагаше градот победник да биде избран наместо Женева.
Во Базел цените на хотелите веќе растат на неколку стотици евра од ноќ - и тоа уште пред објавувањето на победникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
