Барселона загуби од Атлетико, ПСЖ подобар од Ливерпул во првиот натпревар од четвртфиналето на ЛШ

Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона.
Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси.
Гостите поведоа во 45. минута со голот на Хулијан Алварез. Во 70. минута, Александар Сорлот го зголеми водството на Атлетико.
Реваншот ќе се игра во Мадрид на 14 април.
На другиот синоќешен натпревар од 1/4финалето во елитната фудбалска лига ПСЖ го победи Ливерпул исто така со 2:0.
Головите за домаќините ги постигнаа Квича Кварацхелија и Дезире Дуе.
Реваншот ќе се одржи во Ливерпул на 14 април.
МИА
Ново на Сител
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
