Барале помош среде езеро: Спасени две девојки на СУП даски во Охридското Езеро откако ветер ги однел далеку од брегот
Две млади лица од Охрид биле спасени од водите на Охридското Езеро откако поради нагло влошување на временските услови не можеле да се вратат на брегот со СУП даските.
Случајот бил пријавен вчера (28 јули) околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Според пријавата, две лица кои пловеле со СУП даски на околу 1.000 метри од брегот, наспроти авто-камп во Охрид, со извикување барале помош.
Езерската полиција веднаш се упатила кон посочената локација. Полициските службеници ги забележале лицата на околу 2.000 метри оддалеченост од брегот, каде тие се обидувале да го одржат пловењето и да побараат помош.
Со полициски чамци, лицата биле безбедно извлечени од водата. Станува збор за Е.С. (19) и И.А. (18), двете од Охрид, кои поради силниот ветер и големите бранови биле однесени подалеку од брегот и не можеле самостојно да се вратат.
По спасувањето, тие биле пренесени во просториите на езерската полиција.
Од СВР Охрид и езерската полиција апелираат до сите капачи и корисници на СУП даски и педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат препораките за безбедност при престој во вода.
Ново на Сител
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
