„Балканскиот Ерусалим“ - Охрид преполн за Велигден, централната богослужба во „Св. Пантелејмон“
Голем број верници ги исполнија црковните храмови во Охрид.
Со традиционалното кршење јајца на полноќ и со зборовите „Христос воскресна, навистина воскресна“, верниците го чествуваат празникот Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Точно на полноќ беше дочекана радосната вест за Христовото воскресение и додека биеја камбаните во сите православни цркви низ Охрид верниците со свеќи во раце се помолија за подобро утре.
Сончевото време денеска ги привлече многубрните посетители да прошетаат порај кејот на Охрдското езеро ,стариот дел од градот и црквите .
Охриѓани и бројните туристи за време на велигденските празници ги преполнија древните храмови во Балканскиот Ерусалим.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
