Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ

Австрија е против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, изјави австриската министерка за европски прашања Клаудија Бауер, упатувајќи критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски дека инсистира на брзо членство.
– Мојот впечаток е дека украинскиот претседател, во последните месеци, често го привлекуваше вниманието кон себе сакајќи да диктира датум за пристапување во ЕУ. Забрзаното пристапување што тој го бара очигледно не е можно, изјави Бауер за неделното издание на весникот „Велт“.
Таа вели дека треба внимателно да се разгледа капацитетот на ЕУ за апсорбирање нови членки.
– Пристапувањето на Украина, со своите 39 милиони луѓе и сосема поинаква земјоделска структура, значително би ја променило ЕУ, рече Бауер.
Таа, исто така, смета дека не треба да има различни услови за пристапување наљ нови членки.
– Сите земји-кандидатки, вклучително и Украина, мора да ги следат истите правила и да го заработат своето членство преку сопствени напори, додаде Бауер.
ЕУ ги започна преговорите за пристапување со Украина кон средината на јуни оваа година. Првата фаза од преговорите ќе се фокусира на теми како што се судскиот систем, заштитата на фундаменталните вредности и безбедноста.
Зеленски повика на пристапување на Укарина во ЕУ уште во 2027 година, и покрај широко распространетиот скептицизам во некои европски земји
МИА
Ново на Сител
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
