Австралија: Кенгур го убил 77-годишниот сопственик, прв ваков случај од 1936 година

Возрасен Австралиец (77), починал откако бил нападнат од кенгур што го чувал како домашно милениче. Ова е првиот смртоносен напад од овие торбари, по 1936 година, соопштија австралиските медиуми.
Според наводите, болничари биле повикани на имотот на човекот во Редмонд, околу 400 километри југоисточно од Перт, во Западна Австралија. Настанот се случил во неделата попладне, откако тој очигледно бил нападнат од кенгурот.
Член на семејството го нашол сопственикот на кенгурот сериозно повреден, а животното станало насилно кога болничарите се обиделе да му пријдат на човекот. Тие морале да го усмртат торбарот. Кусо потоа, човекот им подлегнал на повредите.
Ретки се напади од кенгур со смртни последици. Последниот пријавен смртоносен напад се случил 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен во Нов Јужен Велс.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
